КРИМИНАЛНА НАБАВКА НА ВОЗИЛА ВО МВР: Наместо од поевтина понуда од главниот увозник, МВР купува возила од дилер на автомобили од Куманово кој е донатор на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Донаторот на СДСМ, „Делукс Ауто Куманово“ стана и компанијата преку која Министерството за внатрешни работи ќе набавува нови возила за полицијата.

Според објавите на свиркачите на „Џастпејстит“, кумановската компанија ја има во два годишни финансиски извештаи на СДСМ, односно истата давала услуги на СДСМ во 2015 и 2016 година.

Алфа Телевизија вчера објави дека добиле потврда од МВЕ дека „Делукс Ауто Куманово“ е компанијата од која МВР купува возила „Шкода“ од 1 милион евра, донација на Република Чешка.

Компанијата од Куманово, не е овластен дистрибутер на „Шкода“ туку дилер на возилата, сепак нивната понуда била најповолна за купување на 45 возила, тврдат од МВР, од каде убедуваат дека во постапката се испочитувани сите законски процедури. За оваа зделка не бил објавен јавен оглас,за јавни набавки, туку МВР одлучиле постапката да оди со преговарање, поради како што велат од таму, крајна итност.

-Откако од страна на Советот за јавни набавки е доставено решение со кое се дава согласност за користење на постапката со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност, покана за учество во преговарање е доставена до следниве економски оператори: МакАутостар Скопје, Маккар Скопје, Делукс Ауто Куманово и Порше Македонија Скопје. Како најповолна понуда е избрана понудата на понудувачот Делукс Ауто Куманово“ – се вели во одговорот на МВР за Алфа.

МВР на 29 август годинава го потпишале договорот со кумановската компанија „Делукс Ауто“ на висина од 62.806.500 денари без ддв за набавка на 45 возила. Со договорот Делукс Ауто Куманово е задолжен да врши сервис следните 3 години, како и да обезбеди летни и зимски гуми за возилата.

Ова е втора донација на Чешка за македонската полиција, во 2016 беа донирани 740.000 евра. Од тие пари тогаш беа купени 25 „шкода јети“, за потребите на граничната полиција на јужната граница и за справување со мигрантската криза. Набавката на возилата беше од овалстениот дистрибутер во Скопје и тогаш постапката беше без јавен оглас, поради крајна итност.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This