March 28, 2024, 11:31 pm

КРИМИНАЛНИОТ КАРТЕЛ КОНТИНУИРАНО ГО ЗГОЛЕМУВА СВОЈОТ ИМОТ: ВМРО-ДПМНЕ објави низа на криминали за Кочо Анѓушев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашите граѓани осиромашуваат, државата се задолжува, а функционерите во владата бесрамно трпаат десетици милиони евра. Криминалниот картел во врвот на власта влегува во милионски бизниси, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека Зоран Заев и Кочо Анѓушев треба да одговорат, за колку е зголемен нивниот имот или имотот на нивните најблиски, откако се на функција, и зошто истото не е внесено во нивните анкетни листови.

-Ова е имотниот лист на Зоран Заев, пријавен во ДКСК. Податоците во истиот се непроменети откако Заев е стапнат на функцијата премиер. Целата јавност добро знае дека од тогаш фамилијата на Заев влезе во два големи милионски бизниси. За само 20.000 евра, или цена колку што чини една гарсониера, Заеви го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, а малку подоцна влегоа и во бизнисот со марихуана. Дополнително јавноста гледаше како Заев вози мотор од 30 илјади евра, кој што исто така го нема во неговиот анкетен лист, нагласи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски вели дека Заев треба да одговори за колку се зголеми неговиот имот, откако тој е премиер, и доколку се зголемил, зошто истото правовремено не е пријавено и внесено во неговиот анкетен лист.

-Вториот човек на картелот, господинот Кочо Анѓушев, кој за 4.8 милиони евра ја продаде својата фирма за трговија со струја, ЕДС, на грчкото електростопанство сеуште исто така го нема внесено тоа во својот анкетен лист. Ова, почитувани е анкетниот лист на господинот Кочо Анѓушев, исто така од интернет страницата на ДКСК, и на истиот не може да се забележи податок од продажбата. Зошто Анѓушев не ги внел 4.8 милиони евра, кои ги добил од продажбата на својата фирма на својот анкетен лист? Дали и што кријат Заев и Анѓушев? Луѓето кои ветуваа транспарентност од опозиција, сега се кријат од јавноста и напаѓаат новинари и професионалци кои си ја вршат својата работа, само затоа што решиле отворено да зборуваат за работи кои не му одговараат на овој картел, нагласува Ѓорѓиевски.

Тој додава дека криминалниот картел континуирано го зголемува својот имот.

-Со самото доаѓање на власт почнаа да се нижат и државни тендери во милионски износи. Веднаш по преземањето на функцијата вицепремиер, фирмата „Фероинвест“, во сопственост на Кочо Анѓушев доби 2.8 милионски тендер од АД ЕЛЕМ, а исто така со одлука на влада беше укината царината за јонско литиумски батерии, кои што знаеме дека во Република Македонија ги користи само фирмата на Кочо Анѓушев. Државата ни е претворена во сервисен центар за бизнисите на овој картел. Институциите работат за картелот на власт, а не за нашите граѓани. Картелот ни ја зароби државата. Бенефит од тоа имаат само картелот и луѓето кои што се блиски до овој картел. Граѓаните се тие кои ги плаќаат бенефитите кои ги ужива картелот. Ова злоупотребување на институциите и на државните ресурси мора час поскоро да запре. Нашите граѓани заслужуваат подобро, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This