КРИМИНАЛНИТЕ КЛАНОВИ ВО ВЛАСТА ПРОДОЛЖУВААТ СО ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ: Во Кисела Вода од возило во движење пукано кон советникот на Заев!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Криминалните кланови со кои СДС направи коалиција продолжуваат со вооружени пресметки по скопските улици, откако пред два дена ладнокрвно беше застрелан и убиен фудбалерот Мартин Јанушев. Предизборното ослободување на куп тешки криминалци граѓаните сега ја плаќаат со цената на нивната безбедност и мир

 

Рано изутринава, на ул „Антон Панов“ во општина Кисела Вода од возило со движење биле испукани неколку куршуми, по што возилото со голема брзина го напуштило местото.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]На 05.11.2017 година во 05,18 часот, Ф.А. пријавил дека на ул.„Антон Попов“, населба Кисела Вода, од страна на непознат/и сторител/и, од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило лице местото и се упатило во непознат правец. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен е увид и подигнати се предмети за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- информираат од МВР.[/kopa_block_quote]

Како што неофицијално дознаваме, лицето кое го пријавило случајот е Филип Андов викан Сокол, инаку советник за град Скопје на претседателот на Владата Зоран Заев.

Од добро упатени извори во полицијата, дознаваме дека советникот на премиерот бил видно вознемирен кога го пријавувал случајот, некои ќе речат и исплашен. По пријавувањето во ПС „Кисела Вода“, Андов контактирал и со Зоран Заев и Оливер Спасовски барајќи заштита.

По наредба на Спасовски ПС „Кисела Вода“ се наоѓа во вондредна состојба, повикани се сите полицајци и инспектори, а дадена е и наредба за засилени патроли со цел итно разрешување на случајот.

Пред неколку месеци Филип Андов беше вмешан во сообраќајна незгода во која беше повредено едно лице, откако тој со моторцикл удрил во човекот кој сакал да премине на пешачки премин. Од МВР се обидуваа да го сокријат случајот, а од Владата каде што е вработен Андов немаше никакво соопштение.

 

Филип Андов има и полициско досие,  уште во 1994 година кога прв пат е регистриран во полиција за извршување на дело „Предизвикување на општа опасност“.

Во 2008 е регистриран и за други 4 кривични дела:
– Надриписарство
– Измама – продолжено кривично дело
– Фалсификување на исправа
– Употреба на исправа со невистината содржина

Четири години подоцна во 2012 година е пријавен за две кривични дела:
– учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствиеДека се работи за човек од подземјето, кој Заев го плаќа со народни пари на висока функција во Владата на Р.Македонија, потврда се и честитките кои по повод неговото назнаување за советник на премиерот му ги упати и Харун Хаџибулиќ, инаку лице кое се наоѓа во бегство и се бара со потерница.

 

 

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This