КРИМИНАЛНИТЕ СТРУКТУРИ АКТИВИРАНИ НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ: Груевски предупредува дека криминалните структури на СДС ќе се обидат да ја украдат изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како и секогаш ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани ќе оствари една силна и убедлива победа и повторно за градоначалник на општината ќе се избере Цветомир Угриновски, ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од митингот вечерва во Вевчани.

-Во оваа кампања гледам дека работите одат онака како и што можев да предвидам, во кампањата на нашите опоненти гледам само гнев, омраза, омаловажување и по некое лажно ветување, а она што ние го зборуваме како во минатото така и денес се конкретни проекти кои што ќе ги направиме за граѓаните и се разбира отчет за сработеното. Освен што слушаме навреди и омаловажувања, нашиот опонент нуди нешто што е општо, тие нудат живот како да ние сите сме мртви, или нудат воздух како да го немаме истиот или пак енергија.  Она што е карактеристично за овој период е тоа дека многу криминалци се пуштија од затворите токму пред изборите, а тоа укажува дека станува збор за опоненти кои што се слаби, уплашени и кои што знаат дека по регуларен пат ќе загубат и се обидуваат со вакви криминални структури да променат нешто. Она што ќе им го порачам е дека на овој начин тие не само што ќе загубат, туку и ќе се избламираат пред целата јавност, вели Груевски.

Тој додава дека нема да дозволат било кој да ја украдат победата на ВМРО-ДПМНЕ на 15 октомври.

-Веќе живееме во четири месеци помрачување по доаѓањето на новата власт, помрачување во секој поглед, а тоа е и во незаконското работење на насилничкото владеење на власта, како и работењето против волјата на народот. Тоа работење против волјата на народот се гледа во многу сегменти, а се гледа и во потпишувањето на договорот со Бугарија, каде имаме откажување од јазикот, државата и нацијата. Гледаме дека сакаат да го решат и спорот со Грција на истиот начин, а на истиот начин сакаат да донесат и мигранти како и да ги населат тука во Македонија. Јас сакам да ве известам дека кога бевме на власт од нас се бараше да се примат околу 150 илјади мигранти, ние на тоа не се согласивме, но се чини дека некој друг се согласил. Не беше ни случајно што во околу 20 општини во Македонија народот отворија постапка за распишување на референдуми за да го искажат своето мислење дали се за или против населување на мигрантите, но пред почетокот на оваа кампања Владата со декрет забрани да се одржуваат референдуми на денот на изборите, затоа што тие знаеја дека на денот на изборите ќе излезеа многу луѓе кои ќе гласаа против, истакна Груевски.

Тој вели и дека според неговите информации после локалните избори планот на новата Влада е правење на бегалски кампови долж јужната граница и подоцна да се вселат низ целата земја и да им се најде работа и да им се дадат државјанства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This