КРИМИНАЛНОТО ПЕДИГРЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК: Таткото на Чичаковски изборен фалсификатор, чичко му тежок криминалец!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија на чие чело е човек на СДСМ не успеа да ги затскрие срамот од лагите кои оваа партија ги пласираше за наводните фантомски гласачи. Како што челниците на СДСМ лицитираа со бројки само повеќе ги покажуваа своите цели да манипулираат со јавноста обидувајќи се да најдат алиби за тешките изборни порази.
Cicakovski-SDSMtatko
Инаку, како што веќе информираше Журнал, татко на Александар Чичаковски е Јован Чичаковски-Мацола, судија во пензија и бивш претседател на основен Суд Берово избран од СДСМ.

На локалните избори 1996 година Мацола е претседател на Општинска избирачка комисија Пехчево, каде прави фалсификат на изборите во село Црник во корист на СДСМ, за што во текот на 1996/97 во неделникот ФОКУС има цел серијал на прилози насловен како Фалсификат на избори во Пехчево.

Jovan-Cicakovski-Macola-SDSM

Тогаш, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ водиел со 300 гласа разлика, и се чекале резултати само од селото Црник, каде и во штабовите ва ВМРО и на СДСМ пристигнале информации дека и таму ВМРО води. Во тој момент, таткото на Претседателот на ДИК – Мацола ја напушта Општинската комисија и после некое време се врака со гласачките кутии и резултатите од Црник, каде СДСМ, по пат на фалсификат, прави резултат 100:1, односно кандидатот на СДСМ добил 400 гласа, а ВМРО само 4.

Комплетно целата фамилија Чичаковски се високи и истакнати членови на СДСМ во Берово.

Чичко му на Александар е бивш директор на комуналното претпријатие во Берово и се гони кривично за многу криминали што ги има направено.

Па така, со сигурност може да се тврди дека чело на ДИК е сопартиецот на Црвенковски и Заев, Александар Чичаковски. Тој, за себе тврдеше дека е „независен експерт“, а не партиска инсталација на СДСМ во ДИК, иако дел од медиумите објавија фотографии на кои се гледа Чичаковски во младоста во првите редови на митинг на Бранко Црвенковски.

cicakovski-sdsm-miting

Најголемиот број од отстранетите 30-тина илјади гласачи се од албанска националност. СДСМ од друга страна тврдеше дека на списокот има 500.000 фантомски гласачи, како обид за поткрепа на нивната теза од изборите во 2014 година. Тогаш СДСМ тврдеше дека победата на парламентарните избори им била украдена и дека разликата од 200.000 гласа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не била вистинита, поради што не учествуваше во работата на парламентот 15 месеци,

На сите вакви лаги кратки им се роковите на траење, па дури и ДИК предводен од „независниот експерт“ Чичаковски мораше да верификува дека сите небулози на СДСМ биле смислени само за да се бега од избори.

Чичаковски одработува за СДСМ, Заев тврди дека е независен

-Создадовме две независни институции на кои се радувавме сите, надевајќи се дека ќе го прошират амбиентот на демократски институции во Република Македонија. Една од тие институции е Државната изборна комисија, рече Заев на прес-конференција во седиштето на СДСМ одржана на 7-ми април годинава.

„Независниот“ Чичаковски вчера попладне во Скопје е забележан на средба со Љупчо Николовски, дополнителен заменски министер за земјоделие од СДСМ и со Игор Милев, член на ДИК од СДСМ. Дали тие му објаснуваа на Николовски дека на фантомската математика и дојде крајот или пак правеа стратегија како СДСМ да се извлече од ситуацијата останува да видиме во наредните денови.

cicakovski1

Но, ваквата партиска средба е само една од низата причини поради кои никој не верува во независноста на Чичаковски.На митинзи на СДСМ и на партиски брифинзи Чичаковски го има, но овој човек на функција не е присутен тогаш кога му е должност.
Poraka_decko_Fotografii

Кога навистина треба да си ја врши работата за која зема пари од џебот на граѓаните, Чичаковски се крие. Тој беше недостапен за новинарите, а вистинска потрага по него водеа и членовите на ДИК во периодот кога се подготвуваше терен за избори на 24-ти април. Неажурноста и неодговорноста на Чичаковски никој не можеше да ја оправда.

Прилогот на ТВ Сител од овој период, погледнете го во продолжение:

Ваквото однесување на претседателот на ДИК само го потврдува сомнежот дека тој одработува за нечија агенда која е дијаментрално спротивна од онаа за која го плаќаат граѓаните.

Александар Чичаковски во ДИК дојде како така наречен независен експерт, но во неговата биографија може да се прочита дека бил дел од серија на проекти финансирани од СОРОС што го потврдува сомнежот дека работи во координација со Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This