-Откако од страна на Советот за јавни набавки е доставено решение со кое се дава согласност за користење на постапката со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност, покана за учество во преговарање е доставена до следниве економски оператори: МакАутостар Скопје, Маккар Скопје, Делукс Ауто Куманово и Порше Македонија Скопје. Како најповолна понуда е избрана понудата на понудувачот Делукс Ауто Куманово“ – се вели во одговорот на МВР за Алфа.
МВР на 29 август годинава го потпишале договорот со кумановската компанија „Делукс Ауто“ на висина од 62.806.500 денари без ддв за набавка на 45 возила. Со договорот Делукс Ауто Куманово е задолжен да врши сервис следните 3 години, како и да обезбеди летни и зимски гуми за возилата.
Ова е втора донација на Чешка за македонската полиција, во 2016 беа донирани 740.000 евра. Од тие пари тогаш беа купени 25 „шкода јети“, за потребите на граничната полиција на јужната граница и за справување со мигрантската криза. Набавката на возилата беше од овалстениот дистрибутер во Скопје и тогаш постапката беше без јавен оглас, поради крајна итност.