КРИМИНАЛОТ СТАНУВА ФОРМА НА ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА: Наместо „живот“, Македонија се повеќе наликува на некоја јужно-Американска криминална енклава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почина бебе на возраст од два месеци, сообраќајка во која животот го загубија две жени и еден маж, уште едно загинато лице во сообраќајка, крвни злосторства и убиства, штипјанец пронајден мртов во неговиот стан, трагедии во Охрид, пожари со жртви, средношколка со тешки телесни повреди по сообраќајка, претепано семејство со палки, обид за убиство на вработен во Макошпед. Вака изгледаат „животот“ во Македонија по партизацијата на администрацијата од страна на новата владина коалиција

 

Улиците и автопатиштата се претворија во воено поле, а семејните домови веќе не се местото во кое граѓаните можат да се чувствуваат безбедни, додека криминалците слободни се шетаат по улица и дрско напаѓаат цели семејства со палки.

Болниците под контрола на Арбен Таравари станаа место каде што наместо луѓето да го бараат својот спас, доаѓаат за да се опростат од нивните најблиски, а ненадеен пожар значи дека речиси со сигурност ќе изгубите се.

И сето ова, поради реваншизмот на СДС и нивната коалиција кои наместо грижите и потребите на граѓаните да ги стават на прво место, сеуште исполнуваат желби на партиските војници и бараат работни места во државните институции, реванширајќи се со нивните претходници.

Денес во Скопје почина бебе на возраст од два месеци. Ситуација која можела да се превенира доколку институциите наместо пополнување на испразнетите места, всушност се грижеле за потребите на семејството од скопско Студеничани. Наместо тоа, надлежните се преоптоварени со нивната кариера и исполнување на ветувањата кон нивните партиски послушници, а бебето било оставено на милост и немилост. Таравари сеуште не излезе со изјава, или барем извинување за ситацијата која можела да биде превенирана.

Во само една недела, на Македонските патишта животот го загубија три лица, неколку се потешко повредени, а мнозина со полесни повреди. Материјалните штети се астрономски. Но сите тие се ситуации кои исто така можеле да бидат превенирани, доколку Оливер Спасовски, наместо да се вложува во менување на раководните кадри во полицијата, се вложи во обезбедување на безбедност на патиштата, онаква каква што беше пред неговото доаѓање.

Наместо тоа, Спасовски веќе месец дена бара решенија, исполнува ветувања и реализира желби на нереализирани полициски службеници кои во текот на предизборната кампања беа партиски поттрчковци. Вакумот во командната структура кој се појави при реванширањето на Спасовски со кадрите на неговите претходници предизвика и човечки жртви. Но, и Спасовски како и неговиот колега Таравари, сеуште нема доблест да се произнесе по овие состојби.

И не само патиштата, веќе и домовите на граѓаните се небезбедни. Минатата недела се случи еден крвен деликт во кој старец стрелаше кон своето семејство и го убил неговиот 32-годишен внук, а потоа и самиот си пресудил. Освен ова, во семејна куќа во Долно Свиларе, беше нападнато цело семејство од страна на група криминалци, кои со палки, лопати и метални шипки ги тепале луѓето во дворот на семејната куќа. Полицијата сеуште не го расчистува случајот.

Педофилијата исто така станува се почеста ставка во полицискиот билтен. Ова особено по колумните и ставовите на перата на СДС, кои промовираа легализација на оваа девијантна појава, а администрацијата на Спасовски го избриша регистарот на педофили, на кој секој родител можеше да се информира за тоа дали постои опасност по нивното дете.

Македонија, наместо „живот“ по се изгледа доби апокалипса.

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This