КРИМИНАЛЦИТЕ ОД УЛИЦА, ВО СПОТОВИ НА СДСМ: Братучедот на Миле Зечевиќ од СДСМ кој напаѓаше полицајци, во спотот на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жарко Зечевиќ, братучед на организациониот секретар на СДСМ и екс-директор на УБК Миле Зечевиќ е последната „ѕвезда“ на СДСМ како дел од пропагандните видеа кои ги објавува опозициската партија

zarko_zecevic

Жарко Зечевиќ е познат на Македонската полиција по учеството на насилните протести организирани од СДСМ и соросодините организации по тоа што беше најактивен во демолирањето на државн имот, палењето на канцеларијата на претседателот, обидот за насилен упад во Министерството за Правда, но и за напад на полициски службеници.

Коалицирањето на СДСМ со криминалци не е непознато.

Имено, претседателот на СДСМ Зоран Заев освен со Жарко Зечевиќ, највеќе се гордее со исламскиот радикал Закир Бекири Чауш кој важи за лице на косовското терористичко подземје во Македонија. Чаушот беше дел од аферата со фабрикување на фалсификувани патни исправи и лични документи, а кај него беа најдени и голема количина на оружје и панцирни елеци.

zaev-i-caus-640x480

Не помалку се важни и врските на Заев и Спасовски со „близнаците“ од Ѓорче Петров, кои неофицијално се телохранители на Заев, Спасовски и Шилегов, а како што дознаваме од партиски извори добиле и ветувања, лично од Заев за високи државни фунцкии. Конкретно за директор на царина за едниот од нив.

Тука секако е и неразделната дружба помеѓу Заев и Верушевски. Главен осомничен за причинител на една војна, шпионажа и обид за втора дестабилизација.

Меѓу големиот број на криминалци, другари на Заев, ќе го издвоиме и Харун Хаџибулиќ кој Заев го користи како средство за заплашување на неистомисленици. Секогаш кога Заев е под напад од јавноста, тогаш нарачува закана од него.

Криминалот и СДСМ станаа една, неразделна дефиниција.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This