March 28, 2024, 10:15 am

КРИМИНАЛЦИ ДОБИВААТ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕД ДА ГИ АПСАТ: „Алфа“ тим наместо да уапси лице барано со потерница, го пуштиле да си оди!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само што криминалци се пуштаат од затвор благодарение на законот за амнестија, но криминалци не се ни апсат бидејќи така им било ветено во предизборната кампања, ако се одлучат своите „вештини“ да ги позајмат на сега владеачката партија

Криминалци слободно се шетаат по улиците, а поради ветувањата кои ги давале СДС во предизборната кампања, полицијата не смее ниту да ги уапси.

Имено, пред неколку дена тим на единицата „Алфа“ добил дојава дека лице кое се бара со централна потерница за издржување на казна затвор од осум месеци се наоѓа во кафеана во населбата Маџари, во близина на киното. Според дојавата, лицето во кафаната се наоѓало во придружба на уште три до четири лица.

Како што дознаваме од добро информиран извор во полицијата, наместо да го уапсат „Алфа“ тимот добил предупредување дека тоа лице е надвор од нивните „ингеренции“.

Откако „Алфа“ тимот пристигнал во кафеаната, тим лидерот ведаш се упатил до тоалетот, двајца припадници на единицата застанале на шанкот, а еден полицаец се приближил до лицето барано со потерница и го предупредил веднаш да си замине, објаснува нашиот извор, по што лицето избегало.

За ваквата постапка нема превземено дисциплинска постапка. Не е известена ниту внатрешната контрола.

Изворот информира дека лицето кое било намерно предупредено за да не биде уапсено, активно работело за СДС за време на локалните избори, а му било ветено дека нема да биде апсено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This