April 20, 2024, 11:16 am

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ИДНИНАТА: Колку чини копањето на биткоини? Во кои земји е најпрофитабилно копањето?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на криптовалути во светот се зголеми на 2.000, при што нови се појавуваат речиси секоја недела. Сепак,биткоинот се уште е лидер кога станува збор за цената и популарноста.

Среде неодамнешната биткоин треска, многумина беа во искушение да ги земат своите заштеди од под душеците и да се приклучија во редовите на крипто-инвеститори. Други крипто ентузијасти пак решија да започнат со копање битковин од дома.

Идејата за приклучување на вашиот компјутер или специјално дизајнирана рударска фарма на интернет и создавање пари од ништо звучи исклучително привлечна за многу луѓе од целиот свет. Но, какви се трошоци можат да произлезат од рударскиот процес? Колку чини копањето биткоин, и каде во светот можеме да го најдеме најевтиното место за копање биткоин?

Истражувачите од Elite Fixtures, ги анализираа разликите во цената на електричната енергија низ светот и ја прогласија Венецуела за најевтиното место за копање биткои. За да креирате еден биткоин , ќе ви требаат само околу 530 долари. Бројката е помалку од половина од она што ќе треба да го платите во втората најевтина земја на листата, Тринидад и Тобаго, каде што чини 1,190 долари. Во Узбекистан, кој е на трето место, за копање ќе плаќате значително повисока цена од скоро 1,790 долари за еден биткоин.

Јужна Кореја, една од најголемите светски пазари за дигитални валути,но за жал исто така е најскапа држава за копање на истите. Ќе ве чини 26.170 долари за да се произведе еден bitcoin таму, што е повеќе од двојно од денешна вредност на дигиталната валута која е број еден во светот.

Речиси сите топ-20 држави со најскапа електрична енергија беа во Западна Европа или беа островски нации во Пацификот. Ниуе, мала островска нација во Јужниот Тихиот Океан, беше втората најнепрофитабилна земја за рударство, каде што копање на еден биткоин чини 17.566. Бахреин беше рангирана на третото место. Во оваа земја од Арапскиот Залив, еден рудар ќе плаќа 16.773 долари за да направи еден биткоин.

Во извештајот се анализирани цените за електрична енергија од 115 различни земји. Истражувачите, исто така, користеа податоци од три популарни апаратури за копање на криптовалути, вклучувајќи ги и AntMiner S7, AntMiner S9 и Avalon 6.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This