April 20, 2024, 12:45 am

КРИПТОВАЛУТИ: Висок ризик, висок профит – но можете ли да ги трошите парите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нестабилноста на пазарот на дигитални валути е она што ја прави оваа инвестиција несигурна. Дури и ако направите профит, може да се соочите со потешкотии да ги добиете вашите пари

„За секој инвеститор, главното прашање секогаш е како да ги добиајт парите. Криптовалутите се децентрализирани и нерегулирани, што може да се смета за големо достигнување. Но во смисла на добивање на парите, може да биде и голема измама“, вели финансискиот консултат на „Телетрејд“ Михаил Грачев за РТ.

„Ако некој ги украде вашите пари од банка – картичка, банкарска кутија или сеф – банката е одоговорна. Ако банката банкротира, државата која ја има издадено лиценцата за работа на банката е одговорна. Ако некој хакира во дигиталниот паричник? Извинете, не е регулирани“, вели аналитичарот.

Чувањето на криптовалутите онлајн не е потполно сигурно: хакерите постојано бараат слабости во најголемите крипто-берзи – знаејќи дека ако успеат да ги украдат дикиталните пари, ќе биде екстремно тешко да бидат фатени.

„Причините се јасни – нова, практично нерегулирана индустрија со огромен степен на анонимност. Во случај на успешен напад, можноста да се прикријат трагите и да се сокријат парите е повисока од останатите сектори“, вели Михаил Масченко, аналитичар за инвестициската група „еТоро“. Тој додава дека чувањето на криптовалутите оффлајн е доста посигурно.

Николај Котов, аналитичар за „Аналитика Онлајн“, препорачува купување на направа наречена „Трезор“, која е слична на УСБ флеш драјв, која ви овозможува да ги чувате криптовалутите офлајн.

„Овој електронски парични може да се прикачи на клучеви како привезок и да се носи во џеб. Оваа мала направа обезбедува сигурност од речиси сите методи на кражба на криптовалути. Дополнително, никој освен сопственикот никогаш нема да ја знае количината на пари на направата“, вели Котов, додавајќи дека употребата на доверлива база на биткоин блокчејн со добар антивирус исто така може да ве заштити од криптокражба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This