КРИСТИНА КОШ ГО СOБOPИ РЕКОРДОТ: Првата жена што помина најдолго време во вселената

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кристина Кош влезе во историјата како жена што го спроведе најдолгиот вселенски лет.

Таа поминала 289 последователни дена во вселената, сoбoрувajќи го рекордот што го поставила Пеги Витсон, која се вратила на Земјата по 288 дена.

Во текот на долгото патување Кош веќе поставила и друг рекорд. Таа и нејзината колешка Џесика Меир ја спровеле првата вселенска прошетка направена од жени од Меѓународната вселенска станица во октомври.

До моментот кога ќе се врати, се очекува Кош да учествува во шест вселенски прошетки, како и да спроведе витално истражување додека се наоѓа на вселенската станица.

Но, таа нема да се врати уште некое време. Нејзиното враќање е закажано за февруари 2020 година, што значи дека ќе биде на Меѓународната вселенска станица 12 дена помалку од американскиот рекорд од 340 дена поставен од нејзиниот колега Скот Кели.

Пеги Витсон и понатаму останува да го држи рекордот за најдолго време поминато во вселената во текот на серија мисии, откако поминала речиси 666 дена оддалечена од Земјата, во текот на пет лета. Рекордот на сите времиња за еден вселенски лет е 438 дена, поставен од Валери Полијаков во 1995 година.

Кош се надева дека нејзините достигнувања ќе бидат инспирација за другите и се надева дека нејзиниот рекорд ќе биде сoбopен колку што е можно побрзо бидејќи човештвото се обидува да ги тypнe границите на вселената.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This