КРИСТИЈАН мoќен: Погледнете каква снежна бајка и колку многу снег на скијачките центри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на изминатата ноќ особено северните, северозападните и јужните предели од државава беа под поинтензивно влијание на циклонот КРИСТИЈАН кој веќе подолг период ја има зафатено нашата држава. Токму во овие делови имаше и поинтензивни врнежи од дожд додека поради релативно свежото време и поради падот на температурите на воздухот на планинските места имаше и поинтензивни снежни врнежи па така на скијачкиот центар Попова Шапка дојде до значително зголемување на снежната покривка и во моментов таа изнесува над 10 сантиметри додека пак снежните врнежи продолжуваат со зголемен интензитет.

Во продолжение погледнете ја снежната бајка која ни доаѓа од скијачкиот центар Попова Шапка:

Инаку поинтензивни врнежи локално ќе има и понатаму во следните часови додека пак локално во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе бидат релативно ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени па така доколку излегувте задолжително со вас да си понесете потопла облека но и чадор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This