Кристофер Смит нема намера да се откаже од истрагата за американскиот амбасадор Џес Бејли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Свиркач од Македонија им обезбедил вознемирувачки информации на американските конгресмени за вмешаност на американската амбасада со Скопје во поддршка на крајно левичарски веб сајтови и невладини организации кои завземале страна на декемвриските избори. Американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит во интервју за Радио Слободна Европа вели дека нема намера да се откаже од истрагата за американскиот амбасадор Џес Бејли бидејќи САД не смеат да ги трошат парите на американските државни обврзници за водење на лични политички агенди на амбасадорите.

7uhhijbhvh

„Мислам дека истрагата за наводни злоупотреби треба да биде агресивна. Треба да има гаранции дека нема план или дека сè се прави без некој вид агенда. Јас секако поддржувам разумна, но мора да биде и агресивна истрага против криминал и злоупотреби“

Смит вели дека уште на 17 јануари го чека одговорот на американската амбасада и дека очекува во целата истрага да влезе и Канцеларијата на генералниот инспектор бидејќи како што вели, документите објавени од Викликс покажале што всушност прават американските амбасадори во државите каде што се назначени, оценувајќи ги таквите потези како шокантни..

„Сакаме независна верификација за обвинувањата направени од свиркачот. Тие дојдоа кај нас со информации, точни или неточни, но доказите изгледаат кредибилни и сакам да се оди до крај. Не би сакал ништо повеќе од тоа да се докаже дека нема за што да се обвини, но јас имам морална и законска обврска, кога ќе се соочам соможни злоупотреби, да побарам соодветна истрага и затоа јас барам од ОИГ да истражи дали Џес Бејли и мисијата правеле напори пари од даночните обврзници да течат кон НВО кои заземале страна при изборите. Ако немало проблем, јас ќе речам алелуја, но тоа мора да биде истражено.“

Американската амбасада во Македонија во соопштение до медиумите ја поздрави истрагата потенцирајќи дека очекуваа таа да ја открие вистината.

Вчера ВД портпаролот на Стејт Департментот излезе со изјава во која му даде целосна поддршка на амбасадорот Бејли.

Истовремено, фондацијата Херитиџ во текст објавен во нивниот електронски весник го обвини амбасадорот Бејли за директно мешање во македонската внатрешна политика.
Во текстот де вели дека амбасадорот се обидува да ја застрела про американската и про капиталистичка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ која како што пишуваат освои најмногу гласови на изборите на 11 декември. Во текстот се наведува дека очекуваат ваквата политика на амбасадата на САД во Македонија да се промени по менувањето на администрацијата во Вашингтон.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This