КРИТИКА ОД НЕВЛАДИНИТЕ: Мерката притв ор се користи пречесто и неосновано

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исказот на обвинети соочени со високи затворски казни, на крајот на судски процес го однесе поранешниот директор на УБК,  Владимир Атанасовски 30 дена во притвор. Обвинителката Вилма Русковска кажа дека претходно немало никакви информации за вмешаност на Атанасовски во случувањата на 27 април, но исказот на обвинетите дека тој бил вмешан во овој настан го промени текот на овој случај.

-Сега засега освен тоа, немам, Обвинителството не располага со други докази, вели Русковска.

Неговиот адвокат, Јордан Апостолски, смета дека Обвинителството прави голема грешка со довербата во луѓе кои се соочуваат со доживотен затвор и дека би направиле се да се спасат од таква казна.

Обвинителството прави една голема грешка приклонувајќи им верба на луѓе кои се соочуваат со доживотен затвор и би кажале се, за да го избегнат тој доживотен затвор, вели Апостолски.

Од Коалицијата сите за правично судење, не ја отфрлаат можноста за пропусти од страна на Јавното Обвинителство, ако досега немале информации за евентуална вмешаност на Атанасовски во случувањата на 27 април.

-Тоа останува на можноста на Обвинителството да ги истражи сите околности во конкретниот случај. Ако досега немале информација, како да кажам, не би инсинуирала, можеби се тоа пропусти. Меѓутоа веројатно сега доаѓаат до некои сознанија, па заради тоа и сега интервенираат, вели Наташа Петровска, извршен директор на коалицијата „Сите за правично судење“.

Притворот определен како мерка за Атанасовски, само по допрен глас од исказ на обвинет, ги покажува и аномалиите кои судскиот систем во Македонија ги има, а се забележани во анализата на Коалицијата „Сите за правично судење“. Универзитетскиот професор, Бобан Мисовски, вели дека притворот е премногу често користена мерка во нашиот судски систем.

-За жал повторно на полесните мерки освен притворот имаме незначителен да не речам минорна примена, вели Мисовски.

Покрај забележаното злоупотребување на мерката притвор, од  коалицијата забележуваат и за прекршување на законите и човековите права при одредувањето притвор, како пример беше дадено спроведувањето во Шутка на Сашо Мијалков.

Имаме веќе во овие неколку дена удар на негативни појави, односно кршење на правата. Најнапред преку притворот за Сашо Мијалков кој што беше неспорно притворен без сослушување, што е грубо кршење на правото согласно одредбите на ЗКП, изјави Мирјана Иванова Бојаџиева, претседателка на „Сите за правично судење“.

И ОБСЕ препорача дека мора да се зголеми довербата во судството и правосудните органи во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This