КРИТИЧНА Е ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА МЛАДИОТ „КОМИТА“: Групата која го нападнала се поврзува со Артан Груби, закани по животот и на други навивачи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Саздовски, 20-годишно момче, член на навивачката група „Комити“ кое пред три дена беше претепано со шипки и ножеви во моментов е во критична состојба, во кома на КАРИЛ при Клиничкиот центар во Скопје

 

Според последните информации, момчето се наоѓа во тешка состојба и е во арефлексна кома, има мозочна смрт. Случката не е официјално потврдена од Министерството за внатрешни работи. Нема никакви детали, но од наши извори немилиот настан се случил на 30 Јуни во населбата Автокоманда. Младото момче го пресретнале четворица непознати луѓе од возило, излегле од него и почнале крвнички да го тепаат. Освен повреди од шипки, кобен за Саздовски бил и падот на тротоар од ударите, по што се онесвестува – пренесува порталот на новинарката Јорданка Ивановска – Јоци.

Мотивот не е познат, но од блиски пријатели на Саздовски тој претходно добивал закани по неговиот живот, а во моментов добиваат и други навивачи од „Kомити“

Од шпекулации на социјални мрежи, нападот се поврзува со припадници на друга навивачка група која пак се поврзува со пратеникот на ДУИ Артан Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This