April 20, 2024, 12:25 pm

Критично во „8 септември“: Над 100 заболени на кислородна подршка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 100 пациенти заразени од Ковид 19 се на кислородна поддршка во Градската болница „8 септември“, потврди за „Фокус“ директорот доктор Кристијан Костов.

Кај нас се носат најтешките пациенти и тоа во последен момент. Имаме 140 хоспитализирани што е за првпат во историјата на болницата. Повеќе од 100 се на кислородна поддршка. Дури по 4, 5 реанимации имаме на вечер, што е страшно – истакна доктор Костов.

Секоја вечер во болницата пристигнуваат од 15 до 20 пациенти со пневмонии, кои се потенцијални носители на вирусот. Најстрашното од сѐ во приказната е тоа што таму се носат пациентите со најтешка клиничка слика, од кои дел завршуваат на респиратор, додека дел се на кислородна поддршка.

Додека на почетокот на корона кризата, скопската Инфективна клиника беше главно упориште на заболените од овој опасен вирус, наеднаш Градската болница од 16 март се претвори во главен ковид-центар. Од почетокот на корона вирусот, поточно од 11 март до 15 јуни, во болницата се примени 1.080 сомнителни случаи на кои им се земени брисеви, за да се провери дали се носители на заразниот вирус, кој коси низ светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This