КРМИНАЛЕЦ ЛОЈАЛЕН НА СДСМ: Луѓе во тежок мафијашки филм, со калашњикови и дебели досиеа се „адутот“ на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Етем Абаз – возачот на „пасатот“ кој го следеше и го прогонуваше Диме Спасов и од кој излегоа криминалците и на два наврати се обидоа да го извадат заменик-министерот од возилото и физички да го нападнат, е лице со дебело криминално досие.
etem-abaz-pasat

Во соопштението на МВР со кое раководи техничкиот министер на СДСМ Оливер Спасовски, кое повеќе личеше на партиско соопштение од СДСМ отколку на професионален полициски извештај, беше наведено дека Абаз како возач на „пасатот“ го пријавил инцидентот

abaz640

Токму на лицето Етем Абаз, кое го пријавило инцидентот во полиција, му е одземена возачката дозвола и има изречено забрана за управување возило за Б категорија од 13.05.2016 до 13.05.2019 заради пречекорување и прекршување на законот.

Истото лице, 24-годишниот Етем Абаз има извршено и повеќе кривични дела, меѓу кои: 4 прекршоци по ЗППЈРМ – 2 физички напади, 1 тепачка и 1 пијанство на јавно место, како и 2 прекршоци по ЗБСП член 38 (брзина) и член 234 (алкохол).

abaz-1640

Грозоморно е што МВР раководено од СДСМ се обидува да го прикрие фактот дека ова лице кое се јавува како „совесен граѓанин” кое го следи и брка возилото на Спасов, како и го напаѓа истото всушност не смее да го управува возилото и со самото тоа прави низа прекршоци како и учествува во кривично дело при извршување на нападот врз Спасов.

Етем Абаз не е уапсен од полицијата и покрај тоа што не само што не смеел да управува со возило, туку и го следел, бркал и нападнал Диме Спасов. Ова е вистински доказ за поврзаност на МВР раководена од СДСМ и криминалната група која во петокот вечерта го нападна Спасов.

abaz-2640

Наместо овие криминалци за кои постојат цврсти докази да се приведат, тие се надвор на слобода. Генералниот секретар на СДСМ и министер во МВР не може да ја гарантира безбедноста на високи државни функционери, ниту пак на гараѓаните.

abaz-3640

Ова е вистинското лице на СДСМ, кој наместо да ги заштити граѓаните ја злоупотребува институцијата МВР за да ги заштити криминалците кои одработуваат за СДСМ. Ова е доказ за злоупотреба на институцијата под раководство на СДСМ за политички цели и злоупотреба на службената должност и овластување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This