March 28, 2024, 12:15 pm

КРОТКО, СЕДНАТИ НА БИРОА И ВРАБОТЕНИ: За тоа ли протестиравте, „Студентски пленум“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во едно министерство, пријател се среќава со членови на Студентскоит пленум: седнати на бироа, вработени и кротки. Ми вели пријателов: „Се запрепастив! Па и нив ли ги кооптираа? Каде им отиде гневот? За ова ли протестираа? Зарем толку остана од активизмот и независноста?“, пишува на својот ФБ профил универзитетската професорка Билјана Ванковска.

Таа понатаму пишува: Што можев да му кажам? Јас сум познатиот релативизатор, распнат на крст од тие исти пленумци (за Васко Ефтов и да не зборувам). А младите бунтовници сега седат кротко во влада, како функционери, советници или вработени службеници и си земаат плата. Да биде иронијата поголема ме обвинуваа(т) за се и сешто, токму профитерите. Но, мене ми е мирна совеста: од ниту една влада, никогаш за сите овие години не сум добила ама баш никаква позиција. Се’ што сум правела било вон било каква релација со политичка партија или желба за фотеља, па дури и на сопствена (вклучително, и материјална) штета. Ете, некои од нас – додуша се’ помало малцинство – си беа и останаа свои. Нас не можат да не’ корумпираат со функции, бидејќи сме остварени личности, неподготвени да следиме недоветни и глупави лидери. Некои од нас останаа „само“ професори и јавни интелектуалци, кои критикуваат и ќе критикуваат, без оглед кој е на власт, завршува Ванковска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This