КРСТЕВСКИ: Александар Поповски јавно му се нуди на Заев само да стане директор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако почека два месеца и никој не му се јави Александар си нашол новинар на кој му дал интервју во кое потсетува дека бил меѓународно признат оти режирал во Хрватска ,Словенија, Србија и самиот за себе кажува дека имал многу знаење и искуство и дека ако од Македонија го побарале ќе се нафател да помогне.

Впечаток е дека ако уште два месеца не му понудат функција човекот ќе објави оглас во кој ќе се нуди за директор на театар, а ако потоа уште два месеци не му се јават ќе почне да изразува јавно разочарување од политиките на СДСМ во културата. Инаку, за оние кои незнаат или заборавиле да потсетиме како самовљубениот Ацо кој толку се гади од Антиката што можно е и името да си го смени бидејки потсеќа на античкиот крал Александар Велики, како излезе тој да режира надвор од Македонија, пишува Крстевски.

Тој додава дека времето кога СДСМ биле на власт го поставиле за директор на МНТ бидејќи претходно им работел во партиската кампања на правење партиски спотови заедно со Дарко Митрески уште еден “меѓународно” признат режисер како Ацо.

-Ацо наместо да го унапреди МНТ, фати да тезгароши со државните пари ама за себе лично, преку така наречена размена на режисери. Имено тој како директор канеше режисери од други држави за големи пари да прават претстави во МНТ, а за возврат однапрет договорено меѓу директорите на театрите, поточно меѓу него и тамошните директори, нивните театри да го поканат него да направи претстава во нивните градови и театри, веројатно истотака добро платено.Не се сврте во МНТ додека беше директор од режирање и млатење пари низ Балканот. МНТ тонеше доддека тој не се симна од авион и земање хонорари од претставите кои ги правеше во Словенија, Хрватска , Србија и други земји. И така нашиот Ацо стана, меѓународно признат.

Утешна опција за “меѓународниов” стручњак, би било да добие можност да прави повеке ама појако платени претстави во македонските театри, кои најчесто се до толку глупави и бесмислени што неупатените гледачи читајќи за пропагандата што сам си ја прави и организзира Ацо, заминуваат со чувство дека највероватно нивното уметничко современо театарско ниво е толку ниско што не го разбрале ” високо уметничкиот израз ” на Ацо кој пак охрабрен од тоа мнение односно измама, во следната претстава се труди да се надмине во глупостите и бесмислата, за уште помалку да го разберат и токму поради тоа да го почитуваат. Инаку Ацо е подпросечен театарски режисер , но снаодлив во бизнисот и во себе промовирањето. Умее да се продаде. Не е ни прв ни последен преварант во оваа фела, кој проаѓа како ” експерт”. Сега гледаме ке режирал некоја театарска претстава , нешто со турци во Берлин, и тука штосот е името на градот Берлин. Тука финатата е неупатените да паднат во несвест демек нап Ацо до Берлин ја дотурка. Браво. Тоа што ке биде во некоја маргинална институција, што во Берлин никој нема да знае и чуе за Ацо, тоа што ке прави претстава за турци а не за германци, и тоа што повеке од два три пати нема да се игра таа претстава никој нема да помисли. Важно е името односно рекламата на нашиот искомпплексиран провинцијалец кој се рекламира со тоа дека од лани живеел во Загреб а ке режирал и во Берлин. Типо е тапа, гола вода, мизерија од човек и подпросечен режисер. Единствено знае во мала земја како Македонија како да се продаде и да фати некоја државна функција со која после, со народни пари, ке млати пари за себе низ светот. Во меѓувреме ке слушаме “зелени ” како барокот во Скопје ке го обложел со зеленило, стои во статусот на Крстевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This