Куба пoдгoтвeнa дa ѝ пoмoгнe нa Македонија да ce cпpaви co Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадорката на Куба во Македонија, Каридад Јамира Кието Милиан денеска по средбата со премиерот Заев рече дека по урнекот на помошта што несебично ја пружи во Италија и во Франција, Куба е подготвена да ѝ помогне во секое време и на Македонија доколку е тоа потребно во справувањето со епидемијата од ковид-19, објави Канал 5.

„Куба е подготвена да соработува со било која земја во светот. Да се спротивстави не само на коронавирусот, туку и да помогне во секој случај на итност или болести. Во моментов имаме кубански доктори во 59 земји во светот, а во 37 земји од нив се борат со коронавирусот, или во бројки, 39 илјади кубански доктори помагаат ширум светот за да се спротивстават на пандемијата. Секако, ние ќе бидеме подготвени да ѝ помогнеме и на Македонија и на македонскиот народ”, вели амбасадорката на Куба, Милиан во разговор за телевизијата Канал 5.

Куба има 9 лекари на 1.000 жители, најмногу на светот според Светската здравствена организација и ефикасно и евтино здравство. Оваа земја има искуство и со производство на вакцини, a во моментов е во трка за пронаоѓање и на сопствена вакцина против коронавиурсот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This