Куба ja peгиcтpиpa cвojaтa втopa вakцинa пpoтив кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Куба официјално регистрираше втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да започнат наскоро, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН). Вакцината е наречена „соберана 02“.

Претходната вакцина „соберана 01“ е во фазите I и II на клиничките испитувања со нешто повеќе од 700 волонтери. Нејзиниот пробен период помина без негативни ефекти. Конечните резултати од истражувањето се очекува да бидат објавени во јануари 2021 година.

Куба исто така започна ново клиничко испитување на новиот „кандидат за вакцини“ регистриран од институтот за вакцини „Финлеј“ под името „соберана 01A“, што пред десетина дена почна да се применува во две или три дози.

Институтот објави дека регистрирал ново клиничко испитување во јавниот регистар за да процени различни формулации и распоред на дози. Најдобрата варијанта ќе напредува во повисоките фази на клиничките испитувања.

Фазата I на студијата ќе се одвива помеѓу 19 октомври и 9 ноември, а завршувањето на процесот е закажано за февруари 2021 година.

Деталите за новата вакцина може да се видат во Јавниот регистар на клинички испитувања, каде што од август е регистрирана „соберана 01“.

Вкупно 6.678 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Куба досега, од кои 128 завршиле фатално. Повеќе од 6.000 пациенти веќе закрепнале.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This