КУКАВИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ НА МНР: Додека Димитров го протеруваше рускиот дипломат, рускиот амбасадор отвораше изложба во Охрид!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вазалискиот чин на македонската влада за протерување на рускиот дипломат во знак на ,,солидарност’’ реагираше и новинарката Јорданка Ивановска- Јоци која на својот Фејсбук жестоко го критикуваше овој чин.

Нарекувајќи ја Македонија вечен чекач за ЕУ и НАТО таа напомена дека Македонија има талент да се замери со големите сили во даден момент. Таа говори и за огромната иронија бидејќи во моментот кога е објавена одлуката за протерување на рускиот дипломат рускиот амбасадор и градоначалникот на Охрид отворале изложба насловена ,,Москва денес’’ и изразиле надеж дека ќе ги зацврстат односите помеѓу Македонија и Руската Федерација.

Еве што во целост вели Јорданка Ивановска Јоци:
-Причина за протерувањето на руски дипломат, вчера, беше солидарност со В.Британија и други земји од НАТО.
Денеска од МНР навеле втора причина-разузнавачки активности, без детали.
Утре можеби ќе дознаеме дека Русија ни објавила војна.
А, за тоа време, во Охрид, рускиот амбасадор и градоначалникот, отвориле изложба “Москва денес”. (Час-два пред протерувањето)
Градоначалникот изразил надеж дека ќе се зацврстат односите Македонија-Руска федерација.
Пресмешно !
Да сумираме-Македонија, како зрно грашок во меѓународната политика и вечен чекач за НАТО и ЕУ, историски немала никогаш значајна поддршка од Русија, а од др.страна ни од В.Британија, но баш е талент да се искара со големи сили во даден момент.

Имено ова не единствен случај во кој поради каприц на лоши политичари се замерува со некоја од големите сили и членки на Советот за безбедност во ОН. Јавноста памети на одлуката на Тупурковски поради Тајванските кредити за признавање на независноста на Тајван и тогашното замерување со Кина. Одлука која според многумина е причина за војната во Македонија во 2001, кога Кина даде поддршка во Советот за безбедност за повлекување на трупите на ОН од границата со Македонија и со тоа дефакто се овозможи простор за влез на косовските терористи во Македонија.

За време на почетокот на конфликтот во Украина, Македонија пак остана една од ретките држави во Европа кои не воведоа санкции кон Русија и благодарение на тоа македонските компании остварија огромен профит меѓу кои беа и компаниите во сопственост на кланот Заеви.
Македонската влада даде поддршка и за изградбата на Турскиот тек чија рута поминуваше токму низ Македонија, одлука која на крајот резултираше и со насилна промена на владата во Македонија.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This