КУЛМИНАЦИЈА НА KOHФЛИКТОТ ПОМЕЃУ ДУИ И СДСМ: Ахмети истрчува со сопствен претседателски кандидат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали кулминира кризата во односите меѓу коалиционите партнери во Владата? По бројните несогласувања, зakaни, препукувања околу двојазичноста и пораки за китење со туѓи перја, од Мала речица синоќа го подигнаа влогот, ДУИ на претседателските избори ќе настапи со сопствен кандидат.

Едногласно, претседателството на ДУИ одлучи дека ќе оди со свој кандидат. Меѓутоа, доколку во текот на наредните денови се создадат предуслови за некаква соработка на ДУИ со други политички партии, претседателството го овласти претседателот на партијата да може да разговара и со другите албански партии за заеднички кандидат или со партии на другите етнички заедници заради концептот консензуален кандидат, доколку се создадат предуслови“, изјави партискиот портпарол Бујар Османи.

Најавата од ДУИ доаѓа во незгоден момент за СДСМ бидејќи роковите се се пократки, а раководството на оваа партија игра на варијантата за консензуален предлог, свесна дека без гласовите на Албанците тешко дека ќе може да го победи фаворитот на опозицијата. Според познавачите на состојбите, Али Ахмети всушност покажува дека има подготвен одговор на сите пораки од типот “кој е кој“, како оној кога Османи рече дека Законот за јазиците нема да биде испратен во Венецијанската комисија, а Заев сепак го испрати. Од СДСМ во повеќе наврати покажуваат аспирации да се претстават како најпопуларна партија меѓу албанските гласачи, што секако наидува на отпор кај ДУИ а изборите се секогаш одлична можност за играње на национална карта. Всушност ДУИ сега има вин-вин ситуација бидејќи во овие околности СДСМ доколку сака победа, самата ќе мора да им понуди консензуален кандидат, а доколку нема договор и не се постигне потребниот цензус, Талат Џафери автоматски ќе седне во претседателското столче со што Македонија барем шест месеци ќе има Албанец на местото шеф на државата.

Дека ДУИ не се шегува покажа и со реакцијата на скандалот во Пензискиот фонд кој го обелодени министерката Мила Царовска, а беше сфатен како обид за дисциплинирање на помалиот сојузник во владината коалиција. Изјавата на Царовска најпрвин од вицепремиерот Османи беше оценета како несреќна, а потоа следеше рафален напад од координаторот на пратеничката група на ДУИ, Артан Груби кој ја посочи министерката како најодговорна за последниот скандал, а потоа и порача дека не е на чело на некакво невладина организација за да си дозволи да дава неумесни изјави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This