КУМАНОВЕЦ ЗА МАЛКУ ЌЕ ИЗГОРЕЛ ВО ВОЗИЛОТО: Во возење му се запалил автомобилот, па не можел да излезе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во близина на бензинска пумпа „Дет-Оил“ во населба Доброшане, вчера се случила несреќа.

Имено, додека Д.Ѓ. (40) од населба Вера Которка-Куманово, управувал патничко возило „Рено Клио“ со кумановски регистарски ознаки, од непознати причини избувнал пожар во внатрешноста на возилото.

Пожарот го зафатил и возачот, кој не успеал да го сопре возилото и се здобил со изгореници од втор степен.

Д.Ѓ. бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This