April 19, 2024, 11:12 am

Кумановка си заработи притвор: Криела хероин во кутија од цигари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и поднесе Предлог за определување на мерка притвор против 38 годишна кумановка, поради постоење на основано сомнение дeка го сторила кривичнoто делo – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената на 4.12.2021 година, околу 12:00 часот, во својот дом во Куманово, неовластено заради продажба држела наркотична дрога – хероин во вкупна маса 4,31 грама. Откако претходно ја набавила наркотичната дрога од засега непознато лице, таа дрогата замотана во полиетиленско пакување ја скрила во кутија од цигари ставена на тераса, на прозорот од дневната соба.

При претресот службените лица пронашле и дигитална вага.

Судијата на претходна постапка при Основен суд Куманово го прифати предлогот на обвинителството и ја определи предложената мерка притвор во траење од 30 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This