April 25, 2024, 10:41 am

КУМАНОВО ЌЕ СЕ РЕВИТАЛИЗИРА: Реконструкција на осум училишта во Куманово и изградба и реконструкција на седум нови градинки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-ВМРО ДПМНЕ е партија која што за секои избори во последниве десетина години, излегува со реална издржана програма и на крајот на изборниот циклус таа програма издава отчет со кој што кажува што од тоа е реализирано, изјави Драган Петковски, кандидат за пратеник од Куманово.
petkovski5

Тој посочи дека од досегашно искуство реализирани се секогаш преку 90 проценти од програмите и проектите кои што се предвидени во програмата.

-Во сферата на образованието се предвидува реконструкција на осум училишта во градот изградба и реконструкција на седум нови градинки што не е направено во последниве 50 години во Куманово, понатаму изградба на 4 спортски сали и тоа во училиштето Перо Наков, во Христијан Карпош. Препорачувам на сите граѓани во Куманово добро да ја прегледаат програмата, секој може да се најде во дел од проектите кој што лично ќе го засега, а во наредниве денови очекуваме да ги издадеме оние проекти кои што се однесуваат за Куманово на посебен флаер, во посебна програма такашто граѓаните на Куманово можат многу полесно да ги најдат бидејќи во оваа сега издадена програма, тоа се однесува за цела програма. Програмите за Куманово ќе бидат синтетизирани и издадени посебно, заклучи Петковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This