April 26, 2024, 10:09 pm

КУМАНОВСКАТА ГРУПА СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА: ВМРО е теpopистичка организација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зајачето Мицковски во изјава за Алсат-М нас од Кумановската група не нарекол кукавици, бидејќи двајца од нашите другари машки одговорија на провокациите и навредите на теpopистите на ВМРО, вели Дем Шеху, еден од осудените од Кумановската група од затворот Идризово, пишува Лајм.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме обраќањето до јавноста на Шеху:

За да зборуваш за стравот и храброста, треба да ги проучите делата на страшливците и храбрите. Зајачето од ВМРО, страшливец си ти, затоа што си пионер на Груевски, кој побегна со опашката меѓу нозете. Страшливци се кукавиците од организацијата ВМРО, кои ги нападнаа пратениците во парламентот на 27 април, кои кога беа осудени на 10 години затвор и плачеа како деца во судницата и се до ден денес плачат по затворите.

Страшливци се вашите кукавици со сиви и црни униформи камуфлирани со маски кои редовно не малтретираа со врзани раце за време на транспортот до судовите.

Ние ги заробивме вашите полицајци и откако ги врзавме, не ги малтретиравме и ниту ги допревме со рака, бидејќи треба да си како вас кукавиците на ВМРО, страшливци и гнасни за да малтретираш некој кој е со раце врзани зад грб. Овој начин на дејствување ја разликува Кумановската Група од страшливците на теpopистичката организација ВМРО.

Ослободителите на Кумановската група не ја наведнаа главата ниту во борба ниту во судовите кога ни изрекуваа доживотни казни затвор, туку напротив во духовниот главен град на Албанците во Дарданското Скопје , сите заедно ја пеевме националната химна. И пеевме на Албанија и на нашите херои.
Ослободителите на Кумановската група не ги засега затворот и не се плашат од смрт, напротив секој ден гордоста ни расте.

Дали знаете зошто ни расте гордоста, затоа што успеавме да ја срушиме антиалбанската империја предводена од теpopистичката организација ВМРО-ДПМНЕ.

Ослободителите на Кумановската група се бисерите на албанската нација. Кумановската група и служи само на албанската нација и целиот наш живот ќе го посветиме на ослободување на Илирско-Арберско-Албанските земји.

Ослободителите на Кумановската група се гробарите на теpopистичката организација ВМРО-ДПМНЕ и секогаш ќе бидат против секоја антиалбанска власт.

А ти Мицковски, секогаш ќе останеш”MICKY MAUS” во минијатура.

Бог да ги благослови сите ослободители на УЧК.

Да живее Албанија која ја сакаме повеќе од нашите животи!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This