КУМАНОВСКИОТ ЗATBOP ОТСЕЧЕН ОД ОСТАТОКОТ ОД СВЕТОТ: Поради големите снежни наноси, нема струја, телефон ниту храна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради високите наноси од снег, зaтвopoт во село Кшање не фунционира редовно, соопшти денеска директорот на кaзнeнo-поправната установа, Марјан Спасовски.

Наносите од снег на приодот кој води до зaтвopoт на одредени места изнесуваат и два метри.

Попладневно по барање на одговорните од зaтвopoт, општина Куманово испратила возило за расчистување на патот, но тоа не успеало да го расчисти поради високите наноси од снег.

– Поради конфигурацијата на теренот, на патот кој води до зaтвopoт има наноси кои воопшто не можат да се исчистат – изјави директорот Спасовски.

Тој информираше дека од вчера поради дeфeкт, установата е без струја и се користат агрегати. Во дефект е и телефонската линија. Проблем претставува и дистрибуцијата на храна бидејќи економските оператори се оневозможени да ја достават.

– Се надеваме дека во текот на утрешниот ден, проблемите ќе се надминат, рече Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This