April 20, 2024, 11:35 am

КУМОТ НА ШАБАН ШАУЛИЌ: Ги опиша последните три часа на пејачот пред несpеќата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кумот на Шабан, Слободан Стојадиновиќ објасни дека пејачот чудно се однесувал пред сообpаќајната нecpeќa и како никогаш досега брзал да се врати во Белград.

п
Слободан беше заедно со Шабан во автомобилот и откри што се случило тоа несреќно утро.

„Се некако беше чудно. Шабан често гледаше на часовникот. Тоа го правеше кога застана на сцената, а потоа уште неколку пати во текот на концертот. Како да брзаше некаде, како да го влечеше некоја нecpeќa, како да брзаше во см**та“ вели кумот на Шабан.

Стојадиновиќ истакна дека Шаулиќ бил многу нервозен и дека брзал да се врати во Белград.

„Се договоривме да одмориме еден час во хотелот, да го наместиме алармот во 6 и 15 и да тргнеме на аеродром.Кога ми звонеше алармот, Шабан веќе беше пред мојата соба и удараше во врата. Го прашав: „Што ти е, зошто брзаш? Се договоривме сега да станеме“. А тој ми одговори: „Ајде те молам, брзо. Зошто доцниш? Побрзај!“ вели Стојадиновиќ и додава;

„Никогаш порано не беше таков, имавме три часа до полетување на авионот, а тој се однесуваше како да доцниме. Набргу влеговме во автомобилот и беше многу нервозен. Дури ми се налути што не го разбудив три минути порано. Не можев да верувам што ми зборува, но го оставив, не сакав да се расправам“ вели кумот на пејачот.
Слободан исто така истакна дека Шабан забелажал дека биле лоши светлата на автомобилот.

„Се работеше на патот, па автомобилите од три ленти применуваат во една. Другиот автомобил од позади налета на нас, а Мирсад почна да кочи. Од силниот удар, гепекот ме турна напред кај Шабан кој седеше на совозачкото седиште. На Мирсад му падна сентисајзерот од кој доби тешки повреди во главата. Јас неколку пати се онecвecтyвaв и се будев.Беше страшно да гледате како докторите се обидуваат да го разбудат Мирсад. Шабан никаде не го видов. Прашав каде е, а докторите ми рекоа дека го носат во друга болница. Тогаш повторно се онесвестив“ вели Стојадиновиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This