April 16, 2024, 10:28 pm

КУНОВСКА: Груевски има право на плата како поранешен премиер уште 9 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната пратеничка од СДСМ, Софија Куновска смета дека Никола Груевски има право на плата како поранешен премиер. Таа во коментар на Фејсбук нагласува дека Груевски има право на плата онолку години колку што бил премиер.

-На Никола Груевски ќе му биде одземена пратеничката плата согласно измени на законот, најави на прес конференција пратеничка од СДСМ. Но истиот има право на плата како поранешен премиер онолку долго колку што бил на таа функција. Тој беше премиер од 28.08.2006 до 18.01.2016 или 9 години, 4 месеци и 23 дена. До денес му се изминати 3 години и 10 дена. Прашањето ми е следно: Дали останува и натаму на сила законското решение со кое секој премиер ќе има плата, обезбедување, возач, службен автомобил и се друго предвидено со актуелното решение? (Измена донесена од мнозинството на Груевски). Ако останува ова решение на сила Груевски има уште 6 години, 4 месеци и 18 дена плата и останати привилегии како поранешен премиер. Или до мај 2026 ќе си го плаќаме, пишува Куновска на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This