April 17, 2024, 12:36 am

КУНОВСКА PACПАЛИ ПО ЗАЕВ: СДСМ го раководи како акционерско друштво, да имаше реформи ќе имаше и датум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Софија Куновска во интервју за Фактор отворено зборува за случувањата во нејзината партија, која сега доста ја критикува. На социјалните мрежи, погласно, ама не и пречело тоа да го зборува и таму – сепак вели партијата веќе не е демократска. За лидерот Зоран Заев смета дека ја води партијата како да е акционерско друштво, а жали што граѓаните заслужуваа повеќе, а добија помалку.

Македонија не доби датум за преговори за членство во Европската Унија, по што лидерите се согласија да има брзи избори напролет. Како го доживувате овој развој на настаните и кои се вашите очекувања?

Куновска: Факт е дека внатрешните проблеми на ЕУ на најнепосакуван начин се прекршуваат врз грбот на Македонија. Развојот на настаните и целата драма што се одвива во Брисел деновиве остава надеж дека сепак е можно нешто да се прекрши во наша полза. Независно од сето ова, заради нас самите, чесно е да си признаеме дека Македонија не се наметна со реформите на начин кој ќе истисне каков било простор, некоја земја членка да го проблематизира датумот за почеток на преговори со ЕУ. Иако одговорот е спакуван во друга обланда, уверена сум дека криминалот и корупцијата, отсуството реформски дух и посветеност се елементи кои се вкалкулирани во ваквиот исход. Изборите пак, не се брзи. Заедно со процесот на формирање на влада, земјата ќе биде парализирана наредните 7 месеци. Потоа се неопходни неколку месеци за да видат кој каде е и зошто. Следат летните одмори, што значи, некаде догодина ова време можеби ќе се разбудиме од овој лош сон. Загубена година за сите нас.

Импулсивната одлука за избори неодоливо потсеќа на тоа кога деца ќе се фатат да играат карти. Па ако не им се допадне развојот на играта ги фрлаат картите на масата и бараат да се измеша шпилот и наново да се поделат картите.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This