КУПЕТЕ МУ ПОУБАВА КАМЕРА НА ЗАБРЧАНЕЦ: Советникот на премиерот „изиграва“ тајни служби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот на премиерот изиграва тајни служби. Па брука, тој што излага на истите места да слика и после демек да компромитира, пишува на својот профил на фејсбук Ивор Мицковски, аналитичар и новинар.

Јас немам проблем да се поздравам во град со никого, делумно тоа и ми е работа, ниту се кријам, ниту имам што да кријам. Размислете си вие што тајно се гледате или отворено правите дилови, пишува Мицковски.

Порнашениот член на СДСМ им порачува на сегашните членови на владејачката партија.

Значи да расчистиме драги демократи. Хајката гледам дека ви е тотална, Милчин, Геро и Ивор треба да се оцрнуваат и да се компромитираат како се знае и умее.

Па вакви работи мислевме ги поминавме и овие болести ги прележавме со ВМРО, ама ете, пошто не сте исти, поинаку и функционирате. Пошто не можете да ја поднесете критиката, да се соочите со аргументите, ви останува само ад персонам напади, фабрикации и оцрнувања.

Ќе ве издржиме. Инаку купете им поубави камери на Забрчанец и Ангел, срамота со ваков лош квалитет да вадат компромати, пишува Мицковски.

 

Советникот на премиерот изиграва тајни служби. Па брука, тој што излага на истите места да слика и после демек да…

Posted by Ivor Mickovski on Saturday, December 14, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This