April 23, 2024, 12:02 pm

КУПИЛА КУЧЕ ЗА 150 ЕВРА: Кога животното почнало да расте сфатила што чува дома!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Купила куче за 150 евра: Кога животното почнало да расте сфатила што чува дома

Интересна случка имала една жена од Кина која ја пренесуваат кинеските медиуми. Имено, жената била во продавница за миленици и купила јапонски шпиц за 150 евра (околу 9000 денари).

Но, како минувало времето и нејзиното милениче растело тоа не наликувало на куче. Никогаш не лаело и многу пораснало. За некое време престанало да јаде и од кучешката храна.

Крзното му станувало подебело, а опашката подолга, па девојката со причина помислила дека нејзиното милениче е поинакво.

Тогаш жената по име Ванг отишла до зоолошката градина да се консултира со тамошен стручњак.

Нејзините сомнежи се покажале оправдани бидејќи на крај дознала дека наместо куче купила – лисица.

Во локална продавница со домашни миленичиња на Ванг наместо куче и продале лисица, а таа сега ќе ја подари во зоолошката градина како би живеела во природно опкружување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This