April 19, 2024, 12:49 am

КУПИЛ ЧЕТИРИ ТЕЛЕВИЗОРИ ЗА ДА ГЛЕДА СВЕТСКО ВО ФУДБАЛ: Жената го тужи својот сопруг поради Светското Првенство во Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една Израелка соопшти дека ќе го тужи сопругот кој купил четири телевизори за да го следи Светското првенство во фудбалот што се одржува во Русија од 14 јуни до 15 јули, пишува весникот “Марив”.

Како што пренесува весникот, 40-годишна жена е лута бидејќи нејзиниот сопруг во куќата донел четири телевизории за да ги следи натпреварите. Оваа израелска жена е несреќна и не сака нејзината куќа да се претвори во бучен “машки клуб”.

Таа му сугерирала на сопругот да ги подари телевизорите на оние на кои им се потребни, но тој одбил. Таа, исто така, побарала привремено тој да се пресели и да живее со родителите, а во случај да остане дома, сопругот ќе биде гонет од судот.

Жената изјави дека нејзиниот сопруг дури и се заканувал дека ќе и ја скрши главата од телевизорот, ако му забрани да го следи Светското првенство во фудбал во Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This