April 18, 2024, 12:54 pm

КУРДИТЕ ВО СИРИЈА ТВРДАТ ДЕКА ЈА ПОБЕДИЛЕ ТУРЦИЈА: Турците загубија 300 луѓе во воената операција во Африн!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Арапско-курдските единици на „Демократските сили на Сирија“ соопштија дека ликвидирале преку 300 учесници на турската војна операција во сирискиот регион Африн, како и дека меѓу нив бил и генерал и офицер

© REUTERS/ Rodi Said

Како што се наведува, станува збор за 308 членови на различни родови на војската, додека на страна на Курдите загинале вкупно 43 војници, меѓу кои и осум жени, додека имало далеку повеќе цивилни жртви – 59.

Во соопштението се истакнува дека турската војска извела 191 воздушен напад, како и дека вкупно се фрлени 699 бомби на територија на северна Сирија.

Забележани се и 136 поединечни вооружени судири помеѓу „Демократските сили на Сирија“ и турските сили, а покрај тоа Курдите наведуваат дека имале уште седум додатни судири чиј исход е непознат.

Од турска страна пак, оваа слика изгледа сосема поразлично, па се наведува дека во воената операција „Маслинова гранка“ загинале само три турски војници, додека вкупно 16 се ранети.

Дотолку повеќе, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека Турција ќе ја прошири зоната на воената операција во Сирија до Манбиџа, а потоа до границата помеѓу Сирија и Ирак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This