КУРДИТЕ ОДРЖАА РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗАВИСНОСТ: Ситуацијата во Ирак се вжештува, откако големи воени сили се упатија кон Курдскиот регион!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ирачкиот парламент побарал испраќање на воени сили со цел да биде превземен назад Киркук – област која што моментално се наоѓа под контрола на Курдите кои што во понеделникот одржаа референдум за независност.

Ирачкиот парламент вчера побара од премиерот Хаидер Ал-Абади да испрати војска во регионот Киркук кој што се наоѓа под контрола на курдските сили, со цел да биде вратена контролата во овој регион кој што е богат со нафтени полиња.

Моментално овој регион е под контрола на курдските Пешмерга сили, а станува збор за регион каде што се наоѓаат едни од најбогатите и најголемите полиња со нафта.

Киркук во летото 2014-та година падна во рацете на џихадистите на Исламската држава, а потоа, после долгите борби, целиот регион беше ослободен од курдските Пешмерга сили кои што откако ја поразија Исламската држава, сосема очекувано, го зазедоа целиот регион.

Деновиве, во ирачки Курдистан се одржа референдум за независност, а кога тамошните власти ќе прогласат независна држава, јасно е дека во границите на новата курдска држава ќе сакаат да го вменат и регионот Киркук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This