КУРСЕВИ ПО ЕГОЗРИЦАМ: Ватикан ќе обезбедува курсеви по истерување на демони, поради се почестите напади

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ватикан ќе обезбедува курс за егзорцизам како резултат на се почестите напади од демони пренесува Euronews.

Шест дневниот курс ќе го водат експерти од различни полиња на темата егзистенцијалното опкружување на демоните.

Според познавачи на оваа тема Ватикан врши специјална обука на се повеќе свештеници за како да истеруваат демони од верниците, поради фактот што егзорцизмот е во подем на територијата на Италија.

Побарувачката за свештени лица квалификувани во истерување на демони е триплирана во Италија во изминатите неколку години, според Бенињо Палиља, долговечен егзорцист од Палермо, Сицилија,

Тој за Радио Ватикан изјави дека повеќе од 500 илјади наводни случаи на егзорцизам се пријавени ширум државата.

Палиља вели дека подемот на случаи со опседнатост од демони е резултат на зголемениот број на луѓе кои користат ,,волшебници’’ и ,,гатачки’’ како на пример тарот карти, наместо да се обратат на црквата.

Паљила е загрижен дека посетите на гатачки ја отвораат вратата од овој свет на демоните, а егзорцизмот е ,,моќно оружје кое може да се искористи против злото’’.

Во април, шестдневен курс во католичката образовна институција во Рим, Понтификалната афина Регина Апостолорум, ќе обезбеди учења за “егзистенцијалното опкружување на демоните”.

“Ние ќе ги допреме најгорливите прашања од секти поврзани со сатанизмот и придобивките од раскажувањето на сопствената приказна за нивното ослободување од демоните”, рече Палила.

Тој рече дека многу мажи не биле обучени како да се справат со опседните луѓе додека се подготвувале за свештенството и дека овој недостаток на тренинг може да се покаже како проблем.

Меѓу говорниците на курсот ќе биде и таткото Чезаре Труки, ученик на главниот егзорцист во Рим, отец Габриеле Амор, кој тврдеше дека издржал спровел десетици илјади егзорцизми во својот живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This