March 29, 2024, 11:18 am

Курти: Дијалогот со Србија не е приоритет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за косовски премиер од Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека резултатите од неделните избори во Косово се „референдум за правда“ и дека дијалогот со Србија „ќе биде петти или шести приоритет“ на новиот влада.

„Ние победивме на овие избори. Ова беше референдум за правда и работа, и против окупацијата на државата и корупцијата. Тоа е нешто невидено во повоеното Косово“, рече Курти во обраќањето пред симпатизерите.

Лидерот на Самоопределување им се заблагодари на активистите и симпатизерите за доброто управување со изборниот процес и особено им се заблагодари на дијаспората, која дојде во голем број да гласаат на изборите.

Курти им се заблагодари и на своите политички противници за фер трката. „Ние нема да се одмаздиме на никого, но ќе бараме одговорност“, рече Курти, најавувајќи дека дијалогот за нормализација на односите со Србија ќе биде „петти или шести приоритет на неговата влада“.

Според резултатите објавени на веб-страницата на ЦИК, врз основа на повеќе од 80 проценти од пребројаните гласови, победник на изборите е движењето Самоопределување, кое освои 47,92 проценти од гласовите.

На второ место е Демократската партија на Косово со 17,52 проценти, додека на трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 13,36 проценти.

Сојузот за иднината обезбеди 7,46 проценти од гласовите, додека Социјалдемократската иницијатива, според овие резултати, останува надвор од парламентот, бидејќи досега има 2,8 проценти гласови, пренесува Бета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This