Курти одби да ја потпише Декларацијата на Самитот на Западен Балкан бидејќи на документот не пишувало Република Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедничката декларација, по самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан во Тирана, не беше усвоена затоа што премиерот на Приштина, Албин Курти, во последен момент побара документот да гласи „Република Косово“, Танјуг научи.

Изворот на агенцијата наведува дека декларацијата е усогласувана со денови, но нејзиното усвојување беше напуштено денес.

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, претходно изјави дека самитот на Западен Балкан е потежок отколку што очекуваше и дека повеќе се разговарало за политиката отколку за економски прашања.

Според неа, состанокот бил само вовед во некои од следните средби, вклучувајќи го и дијалогот меѓу Белград и Приштина на 15 јуни во Брисел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This