КУРЦ Е ЧОВЕКОТ НА ТРАМП ЗА ЕВРОПА: Автрискиот канцелар ќе го подобрува односот на ЕУ со САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател, Доналд Трамп, сака преку австрискиот канцелар, Себастијан Курц, да комуницира со ЕУ, пренесе американскиот амбасадор во Австрија, Тревор Траин.

Траин, по разговорот меѓу Трамп и Курц во Белата куќа, им рекол на австриските новинари дека шефот на САД на австрискиот канцелар му ги пренел желбите што ги има од Европа. Трамп, како што додал Траин, изразил надеж дека канцеларот би можел да организира одговори.

„Претседателот разговараше со канцеларот исто како да разговара со Европа“, пренесе Траин, додавајќи дека Курц денеска во Вашингтон зборувал во името на цела ЕУ.
Според него, Трамп со канцеларот не размениле само љубезни зборови, туку имале навистина сериозен разговор. Трамп бил многу отворен што се однесува за фрустрацијата во врска со односот со ЕУ.

Трамп изразил надеж дека Курц ќе ги пренесе неговите пораки на ЕУ. Тој бил импресиониран од одговорите на Курц.

Како што рекол амбасадорот Траин, состанокот меѓу Трамп и Курц е најважен состанок на ниво на Влади на двете земји од крајот на Втората светска војна и дека може да се каже дека се работи за историска посета на канцеларот на Вашингтон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This