Курц за бeгaлцитe oд Aвгaниcтaн: Ниe гpeшкитe нeмa дa ги пoвтopимe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, останува при цврстиот став дека Австрија нема да прима нови бегалци од Авганистан.

“Ситуацијата во Авганистан е драматична, но Австрија ќе го засили пружањето помош на лице место и нема да ги повтори грешките од 2015-та година”, рекол Курц за телевизијата “Oe24”.

Курц одбил да одговори на критиките од функционерите на коалициониот партнер, партијата на Зелените, во врска со политиката кон бегалците, порачувајќи дека, ако има нешто да им каже, тоа нема да го направи преку медиумите, туку директно.

Единствено ја прокоментирал изјавата на лидерот на Зелените и вицеканцелар Вернер Коглер, кој го обвинил за нечовечко однесување, велејќи дека е за жалење што некој суди за другиот.

Запрашан за протерувањето на Авганистанците кои го прекршиле законот во Австрија, Курц рекол дека и натаму ќе има протерувања, потсетувајќи дека и онака тие се дојдени во државата преку други земји, па таму ќе може и да се враќаат.

На прашањето за својот приватен живот Курц бил воздржан, како и секогаш, но соопштил дека сака да земе еден слободен месец поради раѓањето на своето дете, но дека тоа не е возможно поради функцијата која ја врши.

Тој и неговата партнерка Сузана Тир ја очекуваат својата принова кон крајот на ноември, почетокот на декември.

Како што пренел, неговата партнерка, по раѓањето, ќе земе една годна породилно отсуство, и потоа ќе се врати на работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This