КУРЦ И ЛАВРОВ ЌЕ ОРГАНИЗИРААТ САМИТ: Подготовки за голем самит на Русија и Австрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со австрискиот канцелар Себастијан Курц договориле организација на нов самит, објави Министерството за надворешни работи на Русија.

“Тие разговараа за соработката помеѓу Москва и Виена во меѓународните односи”, се вели во соопштението.

Контактот меѓу двете страни се одржа во моментот кога се очекува доаѓањето на американскиот помошник претседател на САД за национална безбедност, Џон Болтон, ж во Москва, каде што треба да се разговара со Лавров утре. Тој, исто така, престојуваше во Рим и Лондон вчера за консултации за потенцијален самит на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп следниот месец.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков објави дека руската страна ќе разговара со Болтон за меѓународната стабилност и безбедност, разоружувањето, регионалните проблеми и руско-американските односи.

Како што пишуваат австриските медиуми, состанокот на Путин и Трамп може да се одржи на 15 јули во Виена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This