КУРЦ И ПОПОСКИ ГО ПОСЕТИЈА ГРАНИЧНИОТ КАМЕН 59 КАЈ ГЕВГЕЛИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседавачот на ОБСЕ и актуелен министер за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц и вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски попладнево го посетија граничниот камен 59 кај Македонско ­ грчката граница, каде пред повеќе од една година се одвиваше најголемиот проток на бегалци низ Балканската рута.

курц2-520x325

Курц се интересираше за моментната состојба и обидите за нелегално преминување на македонско­грчката граница, а бил запознат и со сите поединости околу ланскиот транспорт на бегалците.

Македонија, според шефот на дипломатијата Попоски, изигра клучна улога во задржување на Шенген договор преку спречување на нелегалната миграција која ја достигна својата кулминација на границата меѓу Грција и Македонија.

-Веројатно соработката што ја остваривме со повеќе членки на ЕУ, вклучително и Австрија, беше оној момент кој и овозможи на Грција да ги заштити на подобар начин своите граници, а тука го видовме и најлошото искуство од аспект на соработка меѓу двете држави, но и најдоброто искуство кое денеска покажа дека со таа соработка успеавме Грција да ја направиме помалку атрактивна и да спречиме неконтролиран бран на нелегална миграција кој минуваше преку Балканот- изјави Попоски.

Двајцата министри посетија уште неколку локации во гевгелиско за електронско набљудување на границата, како и контингентот на австриски полицајци кои моментно се во Гевгелија. Посетата на Курц продолжува попладнево во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This