Курц останува „канцелар во сенка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за надворешни работи Александар Шаленберг во понеделникот положи заклетва како канцелар на Австрија. Тој рече дека сака да го продолжи успешниот пат на поранешниот канцелар Себастијан Курц, кој поднесе оставка во саботата поради владина кризата и обвинувањата за корупција, пренесува Еуроактив.

„Поминавме тешки и бурни денови“, рече Шаленберг во својот инаугуративен говор, додавајќи дека „она што ни треба во моментов е одговорност и стабилност“.

Шаленберг се осврна и на неговата идна соработка со Курц.

„Секако дека ќе соработувам тесно со Себастијан Курц. Сѐ друго би било апсурдно во однос на демократијата“, рече тој. Тој, исто така, нагласи дека смета дека обвинувањата против Курц се погрешни и дека времето ќе докаже дека нема вистина во обвинувањата.

Опозицијата го критикуваше Шаленберг дека направил позитивна слика за Курц. Федералниот менаџер на социјалдемократите, Кристијан Дојч, рече дека е зачудувачки што Шаленберг тврди дека Курц е невин без никакви докази. Федералната претседателка на либералниот NEOS, Беате Мејнл-Рајсингер, додаде дека ова не звучи како политичко ресетирање.

Самиот Курц ќе продолжи да игра клучна улога во Австрија. Тој ќе ја задржи функцијата лидер на партијата и во вторник треба да положи заклетва како лидер на фракцијата на конзервативната PVP. Ова ја натера опозицијата да го обвини дека е канцелар во сенка, кој ќе работи зад сцената и ќе ги влече конците.

Самиот Курц се обиде да ги побие овие обвинувања. „Јас не сум канцелар во сенка“, рече тој во изјавата. „Ќе работам со полна брзина во наредните денови за да обезбедам уредно предавање“, продолжи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This