КУСОГЛЕДА ОДЛУКА НА ЕУ И АНГЛОСАКСОНЦИТЕ: Рускиот амбасадор во Македонија за санкциите и фабрикуваниот случај „Скрипаљ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Ние можеме само уште еднаш да изразиме жалење поради оваа кусогледа одлука на ЕУ и англосаксонците. Нашата земја повеќе пати истакнуваше дека таквите незаконски санкции, односно тие што се воведуваат без согласност од Советот за безбедност на ОН, се бесмислени и штетни. Згора на тоа таквите конфронтациски чекори само ја засилуваат меѓународната тензичност, го стеснуваат просторот за дијалогот и соработката, водат кон неизбежни руски контрамерки и нанесуваат заемна штета – беше коментарот на Рускиот амбасадор во земјава Олег Шчербак, во интервјуто кое го даде за МКД.мк

Светската, но и домашната јавност деновиве постојано се вбризгува со вештачка афера за наводна вмешаност на Руската Федерација во труењето на екс-разузнавачот Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка. Имено, информациите врз основа на кои се повикуваат лидерите на земјите членки на ЕУ, но и различни политичари кои се однесуваат како еврофундаменталисти, не се базирани на ниту еден доказ за наводната вмешаност на Русија.

Дотолку повеќе, единствениот цврст доказ кој го поседуваат истражните органи, кои патем кажано сеуште немаат спроведено истрага, е дека нервниот агенс е развиен во лабараторија на САД уште во 1998. година како фосфоробиолошка супстанца со моќно дејство под името А-234.

„Меѓу другото, тоа се однесува и на нашите британски колеги кои користејќи ја и трагедијата во Солсбери, се обидуваат да создаваат сѐ нови и нови провокации и поводи за продолжување и дури проширување на политиката на санкциите. Но тие нема да успеат. Луѓето не се толку глупави и имаат многу добра меморија. Сите ние добро ја памтиме епруветата во рацете на државниот секретар на САД Колин Пауел и заклетвите на премиерот на Велика Британија Тони Блер дека Садам Хусеин е подготвен на најможно широк начин да го употреби хемиското оружје за масовно уништување. Резултатите на таа лага се добро познати. Ирак е уништен, милиони луѓе загинаа, а оружјето за масовно уништување не беше пронајдено. Се сеќавам на една изрека на претседателот на САД Абрахам Линколн кој кажа: „Може цело време да лажеш некој, може некое време да ги лажеш сите, но не можеш цело време да ги лажеш сите”. – истакна Шчербак во интервјуто за МКД.мк

Претходно, со свое интервју во кое граѓаните на Македонија ги повика на здружување против Русија беше амбасадорот на Велика Британија во земјава Чарлс Гарет, кој пак доби поддршка од американскиот амбасадор Џес Бејли.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This