April 19, 2024, 10:04 am

КУЧИЊА ГИ ЈАДАТ СКОПЈАНИ: Шилегов незаинтересиран за маките на скопјани, нема решение за кучињата скитници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кучиња скитници напаѓаат луѓе, ова стана редовна слика за Скопје. Плоштадите и улиците се преполни со бездомни кучиња кои напаѓаат и касаат, зголемен е бројот на граѓани кои како последица од каснување на куче завршуваат во болница, а скопјани се револтирани од локалната власт и градоначалникот Шилегов поради тоталната незаинтересираност и неспособност за решавање на овој проблем.

– Пред некој ден се движам по Партизанска кај Буњаковец, наеднаш привика некој, кога гледам пред мене едно куче собори еден млад човек од неговиот велосипед. Често мали деца пред зграда се жртва на кучињата скитници за кои никој не се грижи, а локалната власт затаи во нивното стационирање, ветуваа дека сите кучиња ќе бидат згрижени и стационирани во стационар за кучиња, а сега гледаме како градот е преполн со бездомни кучиња и често напаѓаат луѓе, вели еден постар скопјанец за нашата редакција.

Градската власт незаинтересирана или неспособна да го реши проблемот го претвори Скопје во отворена зоолошка градина со опасни кучиња. Наместо истите да бидат згрижени и соодветно третирани, како што тоа е пракса во другите европски земји, кај нас кучињата во најголем дел остануваат по улиците и плоштадите, без грижа и нега.

За граѓаните градоначалникот Шилегов е директно виновен за оваа ситуација и додаваат дека очигледно здравјето на граѓаните, за градоначалникот е на второ, а политиката на прво место. Иако Советот на град Скопје има донесено програма за заловување и третирање на бездомни кучиња, имајќи ја на увид фактичката состојба на терен таа и воопшто не се спроведува.

Последниве месеци зачестија случаите на каснување од кучиња-скитници и тоа во речиси сите скопски населби. Пред три-четири месеци граѓани од некои скопски населби се жалеа дека не можат да излезат од своите домови од страв да не бидат нападнати од глутница кучиња кои покажуваат агресивност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This