КУЧИЊА ПУШТЕНИ ОД ЛАНЕЦ: 11 години плукаа за непотизам, сега лижат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога СДСМ ја започна кампањата за предвремените парламентарни избори, возејќи се на бранот од гневот на граѓаните благодарение на бомбите се чинеше дека ВМРО-ДПМНЕ и „Вмровскиот режим“ се единственото зло во државата.

Не постоеше причина или проблем за кој прстот на СДСМ не беше насочен кон тогашната власт и речиси секое соопштение и обраќање во јавноста се посочуваше дека државната администрација е партизирана и дека ВМРО сака сите членови да си ги вработи во државните институции.

Иако многу пати повторувана, фамозната изјава на Заев од Валандово, „Живи луѓе ќе јадеме“ сега од позиција на власт се повеќе и повеќе добива на значење.

Ако нешто правично можеше да направи оваа власт е барем да не го прави истото за кое постојано обвинуваше.

Од оваа гледна точка актуелната власт ниту имала намера, ниту сакала да руши режем, ниту пак да ја департизира јавната администрација, туку едноставно сакала нов или нивен режим во кој ќе се однесуваат како „кучиња пуштени од ланец“.

Се добива впечаток дека СДСМ, 11 години опозиција ги потрошила анализирајки како да се усоврши партиското вработување во администрацијата, на оваа тема слободно може да констатираме дека функционерите на СДСМ докторирале.

ШТО ЗБОРОТ?

„Зборот е збор“ од ден во ден има различно значење, можеме само да претпоставиме каде и што се се ветувало во предизборието само за да се обезбедат гласови, а сега од позиција на власт време е да се остварат ветените „брда и долини“.

Но пред да се остварат ветените „брда и долини“ на гласачите или партиските тркачи, како што тие самите ги нарекуваат, приореитени се членовите на фамилиите на функционерите на СДСМ па макар и до трето колено. За таа цел Инфомакс изготви детална анализа каде се и чии „чеда, мајки, стрини, тетки, сопруги, швалерки и домашни миленици“ се вработени:

ФРИЗЕРКИТЕ СТАНАА ФУНКЦИОНЕРИ!

Ген. секот на СДСМ Кирацовски, усепа да ја вдоми својата фризерка во МЕПСО, судејќи по неговата фризура можеби и не е така лошо решение, а можеби во блиска иднина ќе го видиме и разубавен.

Фамозното место за копирант во МЕПСО со плата од 25.000 ден беше резервирано за сопругата на претседателот на општинската на СДСМ-Ѓорче Петров.

Во МЕПСО се вработија и: Синот на Бучковски, ќерката на Невзат Бејта, снаата на директорот на МЕПСО, сестрата на Кирацовски и многу други.

КОГА ТЕРОРИСТИТЕ ЛЕТААТ

Низа на вработување на блиски роднини на функционери имаше и во М-НАВ каде просечната плата е 50.000 ден. Во оваа агенција се вдомија: Стојанче Ангелов, поширокото семејство на министерот за земјоделие Николовски, роднини на министерот за образование, а нај актуелно беше вработувањето на екс терористот Абедин Зимбери од УЧК.

Ова се само вработувањата за кои имаме потрврдни инфомрации.

АПАШЛУК!

За криминалните тендери и договорите во четири очи во министерство за одбрана, образование, здравство, премал е овој формат за да се набројат, но би сакале да потсетиме на неколку легендарни зделки:

Министерството за одбрана направи милионски набавки на апетисани, афродизијаци, морски плодови, жестоки пијалоци и торти додека војската јадеше пилешки гради со поминат рок.

Министерството за здравсто практично е управувано од една фармацевстка компанија блиска до Радмила Шекеринска. Тендерите помеѓу оваа фармацевстка компанија и министерот Филипче ги договара керката на фармацевсткиот гигант Др. Пановски, која патем е директор на Клиниката за Онкологија.

Следеа 27 милиони евра договори во четири очи за печатење на книги во Образование и ред друго посластици од тендерите

УМНАТА НА ТАТО

Да не ги споменунваме „утешните награди“ од Фондот за Иновации за снаата на Ласкова, куќните пријатели на Заев и ред други роднинини, како и стипендијата на керката на „мажиштето на годинината„ Никола Димитров.

За скандалите и непотизмот во локалните самоуправи и општините, како и управните и надзорните одбори, градинките, училиштата во друга прилика. Бидејќи листата е страшно голема.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This