КУЌНИОТ ПPИTBOP НА МИЈАЛКОВ И КАМЧЕВ БИЛЕ УКИНАТИ ПОРАДИ ВАЖНИ ИСКАЗИ: Бизнисменот Камчев и екс-шефот на УБК имале важни искази за СЈО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева, во вчерашното издание на ,,Правда и неправда’’ на 1ТВ посочи дека мерката пpитвop за ocoмничeните Сашо Мијалков и Орце Камчев во предметот „Империја“ е заменета со мерка куќен пpитвop поради нивни искази важни за истрагата. Дали ова значи дека двајцата се соработници на СЈО?

 

-Будно ја следам таа истрага, како најкомплексна. Сметав дека во тој момент треба да покажеме добра волја. Дебатирано беше меѓу нас колегите во СЈО, дека треба да биде побаран куќен пpитвop. Напоменувам тоа можеше cудoт да не го прифати, но сепак го прифати. Нивните адоквати уверуваа дека нема да побегнат и дадоа искази кои се многу важни во истрагите, но тука би запрела , вели Јанева одбивајќи да открие повеќе детали за истрагата.

Да се потсетиме дека и Зоран Заев во свое интервју по добиениот азил за Никола Груевски, запрашан зошто нема пpитвop за Мијалков одговори дека можеби тој е соработник на СЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This