КAЗНЕТА ФРАНЦУСКАТА ФУДБАЛСКА ФЕДEPАЦИЈА: Пуштиле погрешна химна, се извиниле на погрешна држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската фудбалска унија, УЕФА, парично ја казни француската фудбалска федерација, бидејќи пред мечот со Албанија, беше пуштена погрешна химнa. Кaзната која ја одреди УЕФА е 20.000 евра.

 

 

Наместо албанската, на разгласот на стадионот во Париз се интонираше химната на Андора, а дека Французите се скарани со географија, покажа и тоа дека откако сфатија дека погрешиле, спикерот јавно им се извини на навивачите од Ерменија?!

 

Средбата почна со десетминутно доцнење, додека организаторите конечно да ја најдат вистинската химна. После натпреварот, и претседателот Емануел Макрон им се извини на гостите за непријатноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This